Потребни производи:
2-3 лукчиња
1/2 лажичка ѓумбир
140 г густ јогурт
лажица маслиново масло
1 лажичка гарам маса (микс од лути зачини)
1/2 лажичка црвен пипер
1/2 лажичка куркума
500 г пилешки гради
сол, бибер по вкус
1-2 црвени пиперки
Подготовка:
Во сад измешајте ги јогуртот, ренданиот лук и ѓумбир, маслиновото масло, куркума, црвениот пипер, гарам масата, солта и црниот пипер. Измешајте ја добро смесата, исечете го месото на коцки како за ражничи и ставете го во сад.
Убаво промешајте, па секое парче малку да се покрие со маринадата. Покријте ги со фолија и оставете во фрижидер за половина час. Во тоа време во вода натопете за неколку минути стапчињата, за да не се запече нечистотијата на тавата или решетката.
Исечете ги пиперките на парчиња и кога месото се маринира, подредете ги на нив, со алтернација месо, пиперка. За да се испече добро месото не ставајте повеќе од 3 парчиња на раженот.
Загрејте ја добро тавата или скарата и ставете ги ражничите. На секои 2-3 минути превртувајте, за да се изпечат рамномерно.