Состојки:
(за 4 лица)
2,5 чаши брашно
1/3 чаша шеќер
1 прашок за пециво
прстофат сол
2 чаши млеко
2 јајца
1/3 чаша масло
Масло или путер за подмачкување на тавата
Јаворов сируп, мед, крем, џем или шеќер во прав по желба
Подготовка:
Измешајте ги брашното, прашокот за пециво, шеќерот и прстофат сол.
Одделете ги жолчките од белките и додадете ги жолчките, млекото и маслото во претходно соединетите суви состојки. Добро изматете.
Цврсто изматете ги белките и полека измешајте ги во смесата.
Истурете ја смесата во загреана и подмачкана тава со голема лажичка, за да добиете многу густа палачинка и печете. Свртете ја палачинката кога ќе се појават меурчиња на горната страна (не мора по целата палачинка, тие можат да се појават само околу работ).
Шпоретот не смее да биде на највисока температура, најдобро е да се загрее на 2.