Рецепт за автентични италијански брускети

од Stefanija Kuzmanovska
403 прегледи

Состојки: 

(за 24 брускети)

Фил:

-6 домати, исецкани на коцки
-8 г листови свеж босилек, исечкани
-5 чешниња лук
-балсамико оцет
-маслиново масло
-1/2 лажичка морска сол
-1/4 лажичка бибер

Брускети:

-1 багет
-3 лажици маслиново масло
-35 г рендан пармезан

Подготовка:

Измијте ги и исечкајте ги доматите на коцки. Исцедете го вишокот сок и префрлете ги коцките во посебен сад.

Наредете ги листовите босилек па со остар нож ситно исечкајте ги на ленти и префрлете ги во садот со доматите.

Ситно исецкајте го и лукот. Измешајте една кафена лажичка со три лажици маслиново масло и оставете го на страна, а преостанатиот лук истурете го во смесата со домати.

Зачинете ги доматите со две лажици маслиново масло, една лажица балсамико оцет, половина лажичка сол и четвртина лажичка бибер. Полека измешајте сè за да се соедини и оставете да се маринира 15 до 30 минути.

Загрејте ја рерната на 200˚C.

Исечете ја багетата дијагонално на кришки дебели околу еден сантиметар. На плех ставете хартија за печење и наредете го лебот.

Секое парче премачкајте го со маслиново масло натопено со лук од двете страни, а потоа посипете пармезан одозгора.

Се пече во загреана рерна околу пет минути додека брускетата не порумени.

На жешките брускети ставете го подготвениот прелив од домати, а дополнително посипете со маслиново масло и балсамико.

Слични содржини