268
Состојки:
– 250 гр свежо сирење (крем сирење)
– 30 гр путер
– 100 мл млеко
– 1 јајце и 1 белка
– 320 гр брашно
– 1/2 кесичка прашок за пециво
– 1 лажичка сол
– малку шеќер
За премачкување:
– 1 жолчка, малку млеко
Подготовка:
Малку загрејте ги путерот и млекото, за да бидат млаки, па додајте го брашното како и сите останати состојки и убаво измешајте. Тестото ставете го на набрашнета површина и поделете го на 12 еднакви делови.
Формирајте топчиња на плех и оставете ги да отстојат 15 минути. Потоа секое пециво премачкајте го со мешавина од жолчка од јајце и млеко и посипете со семки по вкус.
Ставете ги во ладна рерна, па вклучете ја на 200 степени и печете додека убаво да порумени, околу 25 минути.