Чуросите се меѓу омилените слатки на Шпанците, се јадат за појадок со шолја кафе, но и преку ден, најчесто посипани со шеќер.
Состојки:
– 500 мл вода
– 125 гр путер
– 2 лажици шеќер
– малку сол
– 450 гр брашно
– 3 јајца
– шеќер во прав
– ванилин шеќер
Подготовка:
Во сад истурете вода, путер, шеќер, сол и измешајте додека не зоврие.
Потоа, извадете ја смесата од шпоретот и полека додајте го брашното со постојано мешање. Мешајте со дрвена лажица додека не се разбијат грутките од брашното, смесата се изедначи и почне да се одвојува од садот.
Кога смесата малку ќе се олади, додадете ги јајцата едно по едно.
Потоа тестото ставете го во стаклен сад, покријте го со проѕирна фолија и ставете го во фрижидер 30 минути.
Земете шприц за колачиња (чуросите наликуваат на тенки долги стапчиња), направете стапчиња и директно ставете ги да се пржат во врело масло.
Кога ќе добијат златножолта боја, извадете ги и ставете ги на хартиена крпа за да се исцеди вишокот маснотии.
Чуросите посипете ги со шеќер во прав, ванилин-шеќер или истурете растопено чоколадо во посебен стаклен сад за потопување.
Оваа количина е доволна за да се направат чуроси за 4-5 луѓе.