Направете домашен ликер од чоколадо со едноставни намирници. Потребни ви се млеко, рум и пудинг. 

imgs-goodjunkfood-chocolatemilk

Состојки:

1 литар млеко
300 грама шеќер
500 милилитри рум
1 чоколаден пудинг
100 грама какао во прав
1 ванилин шеќер

 

 

Разматете го пудингот во 300 мл ладно млеко, а остатокот од млекото сварете го. Во жешкото млеко  додадете го шеќерот и ванилин шеќерот и мешајте додека не се истопи/раствори. Додајте ги пудингот и какаото во смесата и мешајте три минути. Додека е врела додајте и рум и потоа оставете ја да се олади.

Оладениот ликер се става во стаклени шишиња и се чува на ладно место. Пред употреба добро протресете го. Ако сакате поредок ликер, ставете повеќе млеко, а помалку шеќер.

Слични содржини