Рецепт за домашен мајонез

од Stefanija Kuzmanovska
1,5K прегледи

Домашниот мајонез е поздрав од купечкиот, а може да се направи брзо и лесно.

Состојки:

– 1 јајце

– 200 мл сончогледово масло

– лажичка сенф

– една кафена лажичка сол

– една лажица сок од лимон

Подготовка:

Важно е сите состојки што ги користите да се од фрижидер. Пожелно е сончогледовото масло да се излади во замрзнувач околу 20 минути.

Во блендер ставете ги јајцето, сенфот, солта, маслото и сокот од лимон. Блендирајте пет секунди.

Потоа промучкајте ја содржината горе-долу и матете околу 25 секунди и мајонезот е готов.

Чувајте го во фрижидер и употребете го во рок од пет дена.

Слични содржини