Рецепт за енергетски бомбици

од Stefanija Kuzmanovska
212 прегледи

Состојки:

– 200 гр индиски ореви

– 200 гр бадеми

– 200 гр лешници

– 200 гр суви смокви

– 200 гр суви брусница

– 100 гр суво грозје

– 3 лажици кокосово масло

– 2 лажици кокосово брашно

Подготовка:

Сомелете ги бадемите, индиските ореви и лешниците и ставете ги во сад.

Исецкајте ги сувите смокви и измелете ги заедно со брусницата, суво грозје, кокосово масло и кокосово брашно.

Додадете во сад и сè убаво изгмечете со раце.

Формирајте мали топчиња и добро изладете ги (користете ракавици, помалку ќе се залепат и подобро ќе се обликуваат).

Од овој материјал се добиваат околу 100 бомбици.

Слични содржини