Кремастиот гриз е едно од оние јадења што многумина сакале да ги јадат како деца, но продолжиле да ги јадат како возрасни.
Овој гриз е толку вкусен што можете со гордост да го послужите на вашите гости.
Состојки:
* 80 гр гриз
* 150 гр шеќер
* 750 мл млеко
* 1 јајце
* 1 ванилин шеќер
* 2 големи банани
* 50 гр ореви
* 50 гр мед
* 100 гр суво грозје
* половина лажичка сок од лимон
Подготовка:
Во млекото додадете го шеќерот, ванилиниот шеќер и јајцето и убаво измешајте. Потоа додадете гриз и варете, но внимавајте температурата да биде умерена за да не изгори. Гответе околу 10 минути додека смесата не стане доволно густа. На крај поклопете и оставете пет минути малку да се излади.
Потопете го сувото грозје во вода околу 15 минути пред да го додадете во гризот. Бананите исечкајте ги на прстени, а оревите сомелете ги, па прелијте ги со сок од лимон и мед. Нежно измешајте.
Во садовите за сервирање ставете слој од гриз, а потоа слој од слатката смеса. Потоа повторно гриз и на крај малку слатка смеса одозгора.
По желба можете да додадете какао во прав или рендано чоколадо за декорација.
На здравје!