Рецепт за медитерански омлет

од Stefanija Kuzmanovska
272 прегледи

Состојки:

(за 4 лица)

– 1 модар патлиџан

– 3 лажици путер

– 1 главица кромид

– 2 чешниња лук

– 1 домат

– 4 јајца

– 1/2 лажичка сол

1/2 лажичка бибер

1/2 лажичка морско оревче

Подготовка:

Целиот модар патлиџан се пече на скара или во рерна загреана на 200 степени околу 20 минути додека не омекне.

Оставете го да се излади, а потоа излупете го и исечете го на помали парчиња.

Излупете ги доматите и исечете ги на коцки.

Во тава растопете го путерот и пропржете го ситно исечканиот кромид додека не стане стаклест.

Додадете бел кромид исечен на ленти и модар патлиџан, па динстајте уште неколку минути. Потоа додадете домати, бибер, морско оревче и сол и динстајте уште пет минути.

Изматете ги јајцата, малку посолете ги, истурете ги во тавата и почекајте јајцата да поруменат.

Омлетот послужете го веднаш со тост леб и јогурт.

Слични содржини