289
Смути полно со витамини кое лесно се подготвува.
Состојки:
(за 2 лица)
– 200 мл свежи боровинки
– 1 банана
– 175 мл негуст јогурт
– 65 мл млеко
– 4 – 6 коцки мраз
– 1 лажичка мед
Подготовка:
Боровинките измијте ги, па ставете ги во блендер и додадете ја бананата исечкана на парчиња.
Додадете јогурт, млеко, лажичка мед и четири до шест коцки мраз, измешајте сè во блендер до саканата густина.
Послужете го пијалокот веднаш.