254
Топлата супа или чорба е неизоставен дел од секој зимски ручек, а денес ви претставуваме рецепт за посна супа од домати.
Состојки:
* 100 мл сок од домати
* 1 лажица масло
* 1 лажица брашно
* 1 литар вода
* 1 чешне лук
* сув билен зачин
* бибер
Подготовка:
На загреано масло пропржете една лажица брашно.
Додадете сок од домати и еден литар ладна вода и мешајте цело време додека не зоврие.
Додадете ситно сечкан лук, зачини и бибер. Послужете топло, доколку не постите можете да додадете и една лажица павлака.
На здравје!