Рецепт за превкусна Фереро Рошер баклава

од Stefanija Kuzmanovska
246 прегледи

Огромното мнозинство од оние кои се љубители на благо се исто така љубители на баклава и Фереро Рошер. Сега имате можност да ги споите овие два десерта во еден рецепт и да направите превкусно уживање.

За подготовка ќе ви требаат 200 гр кора за пита, 200 гр чоколаден намаз, 30 мл масло, 250 гр чоколада и 220 гр лешници.

Измешајте 120 грама мелени лешници со чоколадниот намаз (Нутела) додека не добиете хомогена смеса.

Секоја кора исечете ја на три приближно еднакви делови и секој дел премачкајте го со масло. На секое парче кора ставете по една лажичка од смесата со лешник-чоколадо и обликувајте ја баклавата по желба. Наредете ги баклавите на хартијата за печење.

Премачкајте ги со масло и печете во рерна загреана на 180 степени додека да добијат златно-кафена боја.

Чоколадото растопете го на пареа и измешајте го со 100 грама мелени лешници.

Секоја изладена баклава потопете ја во растопена чоколада.

Слични содржини