299
Задоволство кое трае само пет минути.
Состојки:
– 120 гр шеќер во прав
– 300 гр слатка павлака
– екстракт од ванила
– 250 гр маскарпоне сирење
– пишкоти
– шолја силно црно кафе
Подготовка:
Во сад се става шеќерот во прав, се додава слатката павлака и сето убаво се мати. Во друг сад ги ставете маскарпоне и екстрактот од ванила и убаво мешате.
Во шлагот додајте ја смесата од маскарпоне и ванила и сè убаво измешајте.
Пишкотите исечете ги на половина, потопете ги во кафе и ставете ги во чаша. Истурете ја смесата во чаши и одозгора изрендајте темно чоколадо или посипете со какао.
На здравје!