Рецепт за уникатни италијански лазањи

од Stefanija Kuzmanovska
339 прегледи

Состојки:

1 кромид
1 лажица лук
1 лажица италијански зачини
2 супени лажици доматно пире
250 гр мелено месо
300 мл сос од домати
1 литар пилешка супа
75 мл павлака за готвење
250 гр кори за лазањи
50 гр пармезан
100 гр кашкавал

Подготовка:

Во тава на малку масло пропржете го ситно исечканиот кромид, а потоа додадете ги италијанските зачини. Промешајте и пржете додека кромидот не омекне. Потоа додадете мелено месо и доматно пире. Сè добро измешајте. Оставете го месото да се пржи, па посолете и побиберете.

Во месото истурете го сосот од домати, супата и павлаката за готвење. Сè добро измешајте. Оставете го сосот да зоврие, па додајте ги останатите состојки.

Кога сосот ќе зоврие, додадете ги исецканите кори од лазањите и сè убаво измешајте. Покријте и оставете да се крчка околу 20 минути. Околу 5 минути пред крајот додадете рендан кашкавал и пармезан, измешајте и послужете.

Слични содржини