205
Вегански десерт во кој ќе уживаат љубителите на чоколадата.
Состојки (за 3 лица)
– 240 мл вода во која се варел наут
– 50 гр шеќер
– 100 гр темно чоколадо
Подготовка:
Водата во која се варени наут и шеќер се матат со миксер со најголема брзина на миксер како да матите белки, но уште посилно.
Чоколадото растопете го на пареа.
Измешајте ги чоколадото и изматената маса. Се мати уште малку со миксер (јачината ќе се намали – така треба).
Оставете во фрижидер еден час пред послужување.
Добар апетит!