Состојки:
Околу 250-300 гр урда
6-10 маслинки
1 врска млад или 1 глава стар кромид
1-2 суп лаж. масло или мајонез
неколку страка копар
сол, црн или црвен пипер по вкус77397c75aa71bddf1837391b060e1ec8

Подготовка:
Закуската е соодветно мезе за ракија, може да се принесе како салата, мезе или гарнир. Може да се намачка на парче леб како сендвич или да се консумира само така.
Ставете урда во длабока чинија. Исечете на парчиња маслинки, додадете урда. Потоа додадете и исчистен и исечен на ситно кромид, маслото или мајонезот, копар, зачините. Измешајте сè и принесете со декорација од маслинки, наредени на врвот.
Може да додадете и свеж босилек.

Слични содржини