[РЕЦЕПТ] Здрав и вкусен домашен сладолед

од Vladimir Zorba
512 прегледи

Потребни производи:
2 чаши течна павлака, која не е слатка
1 мало пакување засладено кондензирано млеко
неколку капки екстракт од ванила
неколку свежи јагоди, малини или друго омилено овошје
1 млечно или црно чоколадо
шеќер по желба361393e742a65c367b05e581e40de591

Подготовка:
Во сад измешајте ја со миксер павлаката додека не стане како пена. Додадете кондензирано млеко, ванила, кршено чоколадо и исечено овошје. Измешајте добро и ставете ја смесата во пластична кутија со капак. Ставете во замрзнувач за неколку часа. При послужување може да додадете ореви, крекери, сируп за сладолед.