Потребни производи:
8 парчиња пченкарен леб
8 лажици рендано сирење моцарела
сос Табаско по желба
За филот:
3 чаши сецкан спанаќ
1 лажица масло
½ чаша сецкан кромид
2 лажички сечени лути (или благи по вкус) пиперки
Сода бикарбона
1 лажица пченкарно брашно, растворено во ¾ чаша ниско калорично свежо млеко
сол по вкус

Подготовка:
За да го приготвите филот на тостот загрејте го путерот во тава за тенок слој. Додадете кромид и лути пиперки и пржете за 1-2 минути.
Додаде го спанаќот и содата бикарбона во тавата. Динстајте за околу 2-3 минути. Потоа додадете пченкарно брашно со млекото и солта. Добро промешајте. Варете на среден оган уште 2-3 минути. Треба да се добие густа текстура.
Мешајте постојано.
Оставете да се излади и сервирајте врз лепчиња со моцарела парчиња. По желба може и јајце.