[РЕЦЕПТ] Зелена крем супа со спанаќ, брокула и праз

од Vladimir Zorba
284 прегледи

Производи:

1 лажица маслиново масло
1 парче праз, ситно сецкано
4 чаши растворен пилешки бујон
1 голема розичка брокула, сечена
6 чаши спанаќ
1/3 чаша свежо рендан пармезан
2 лажици таан
сол и бибер по вкус
1 авокадо, се сече на коцки
сокот од еден лимонb403a80f9b9ccc1bbfe352b39321d144

Подготовка:
Загрејте го маслото во длабока тава на средна температура. Запржете праз, додека не омекне или за околу 5 минути, мешајќи постојано. Додадете супа и оставете да зоврие.

Потоа додајте ги и брокулите. Оставете да зоврие за уште 5 минути. Отстранете од огнот и додадете ги спанаќот, пармезанот, таанот и зачините. Добро промешајте. Спанаќот ќе остане свеж, но ќе се свари. Додајте го и авокадото, претходно исечено на коцки.

Испасирајте во блендер. Пред сервирање, додадете и сок од лимон.

Забелешка: По желба може да се додаде и течен готварски крем пред сервирање.

Фото: iStock