Речиси 200 научници СЛУЧАЈНО ѝ помогнале на Кина да произведе оружје за масовно уништување?

од Nikola Popovski
292 прегледи

Околу 200 научници од повеќе универзитети се под истрага на британската влада под сомнение дека ѝ помогнале на Кина во производството на оружје за масовно уништување.

„Десетици научници наскоро би можеле да бидат на суд. Ако бидат осудени само 10 проценти од нив, тоа би значело дека околу 20 научници би можеле да одат во затвор затоа што и помогнале на Кина во производството на супер-оружје“, објави британски Тајмс, повикувајќи се на неименувани извори.

Научниците се сомничат дека несвесно ги прекршиле строгите извозни закони донесени за да спречат интелектуалната сопственост во чувствителните области да заврши во „непријателските држави“, велат извори на „Тајмс“. Според тие тврдења, владата се подготвува да испрати предупредување до научниците кои се осомничени за проследување истражувања за напредната воена технологија во Кина.

Британската влада за Тајмс изјави дека од 2008 година, за извоз на воена стока или технологија е потребна посебна дозвола.

Западните влади ја обвинуваат Кина за шпионажа, вклучително и хакерски напади насочени кон владините и корпоративните системи. Соединетите држави ги идентификуваа кинеските технолошки гиганти како безбедносен ризик поради нивните наводни врски со Кинеската комунистичка партија и војската, додека Велика Британија им забрани на телекомуникациските компании да ја инсталираат најновата технологија 5G од кинески Хуавеи.

Кинеската влада и технолошките компании постојано ги негираат ваквите обвинувања, тврдејќи дека ограничувањата наметнати на Запад ги кршат меѓународните трговски договори, го спречуваат развојот на технологијата и го забавуваат економскиот раст, спротивно на интересите на бизнисот и потрошувачите.

Слични содржини