Речиси 25.000 Палестинци убиени во Појасот Газа: Најмалку 16 гробишта во Газа се осквернавени од израелските сили

од Radmila Tasevska
372 прегледи

Најмалку 24.927 Палестинци се убиени, а 62.388 се ранети во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври, соопшти денеска Министерството за здравство во Газа, со кое раководи Хамас.

Во соопштението се наведува дека во изминатите 24 часа загинале околу 165 Палестинци, а 280 се ранети.

Израелската војска осквернавила најмалку 16 гробишта во својата копнена офанзива во Газа, уништувајќи надгробни споменици, а во некои случаи и откопувајќи остатоци, јави Си-Ен-Ен.

Во Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, израелските сили уништија гробишта, отстранувајќи ги посмртните останки како дел од она што началниците на израелската армија (ИДФ) рекоа за Си-Ен-Ен дека ги бараат останките на заложниците земени од Хамас за време на нападот на 7 октомври.

ИДФ не дадоа објаснување за уништувањето на 16-те гробишта, но истакнаа дека нивните сили понекогаш „немаат избор“ освен да ги таргетираат гробиштата за кои тврдат дека Хамас ги користи за воени цели. Покрај тоа, како што информираат од ИДФ, спасувањето заложници и пронаоѓањето и враќањето на нивните тела е една од нејзините клучни мисии во Газа, поради што, како што велат, се извадени тела од некои гробници.

„Процесот на идентификација на заложниците, што се спроведува на безбедна и алтернативна локација, обезбедува оптимални професионални услови и почитување на починатиот“, изјави портпаролот на ИДФ за Си-Ен-Ен, додавајќи дека телата за кои е утврдено дека не се заложници се „вратени со достоинство и почит ”

Од друга страна, намерното уништување на религиозни места, како што се гробиштата, го прекршува меѓународното право, освен во ограничените околности локацијата да стане воена цел, а правни експерти за Си-Ен-Ен изјавија дека акциите на Израел може да се оквалификуваат како воени злосторства

Слични содржини