285
Скоро 60.000 дози од вакцината „Спутник V“ се веќе на пазарот, а вкупно над 650.000 дози на вакцината се планира да бидат доставени во ноември, изјави денеска вицепремиерката на Русија, Татјана Голикова на состанокот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и членовите на владата.
„Од државната регистрација на „Спутник V“, 58.000 дози од вакцината влегоа во промет“, рече Голикова, пренесува ТАСС.
Врз основа на сегашните информации што ги има, таа изјави дека некои производствени места вклучени во овој бизнис постигнале многу добри резултати и дека очекува значително зголемување на обемот на испораки за населението.
Таа додаде дека за населението се планирани 653.000 дози во ноември и 2,2 милиони дози во декември, пренесува Танјуг.