Речиси една третина од стоката не може да го напушти Шангај поради строгиот локдаун

од Vladimir Zorba
205 прегледи

Речиси една третина од стоките што треба да го напуштат пристаништето во Шангај се задржани поради строгата блокада, а доцнењето на испораката ја влошува кризата во синџирите на снабдување, што ќе доведе до недостиг и зголемување на цените на стоките, пишува денеска „Дојче веле“.

„Европа и САД можат да очекуваат нови одложувања и недостиг на увезена електроника од Кина како резултат на заклучувањето воведено поради короната во Светскиот трговски хаб Шангај“, предупредува Винсент Стамер, економист во Институтот за светска економија во Кил.

„Три недели откако градот беше ставен во карантин, приближно 30 отсто од стоката што требаше да го напушти пристаништето, не го напушти Шангај. Со други зборови, тоа е 30 отсто помалку извоз во остатокот од светот“, изјави Стамер за „Дојче веле“.

Слични содржини