Речиси три четвртини од германските компании сакаат да ја задржат можноста за работа од дома

од Vladimir Zorba
6 прегледи

Речиси три четвртини од германските компании во кои е можна работа од дома сакаат да го задржат овој модел на работа, се вели во извештајот објавен денеска од Институтот за економски истражувања IFO од Минхен.

„Овие резултати го побиваат тврдењето дека се враќа трендот на работа во канцеларија“, коментира истражувачот на IFO, Жан-Виктор Алипур.

Според извештаите, 74 отсто од германските компании сакаат да ја задржат можноста за работа од дома, 12 отсто планираат дополнително да ја регулираат со построги упатства, а само четири отсто целосно да ја укинат.

Слични содржини