Red Bull официјално ги објави плановите за лансирање на својот прв сериски автомобил, кој ќе ја носи ознаката RB17 и со тоа ќе се вклопи во серијата тркачки автомобили на компанијата за Формула 1.
Оваа сезона Макс Верстапен и Серхио Перез се натпреваруваат со RB18, а Макс ја освои својата светска титула со RB16B, па ознаката RB17 остана слободна.
Автомобилот треба да се појави во 2025 година и ќе се произведува во базата на тимот во Милтон Кејнс.
Дизајнот на RB17 му беше доверен на Адријан Њуи, кој одлично се снајде со хипермоделот на претходниот главен спонзор на тимот Aston Martin – Valkyrie.
Introducing the RB17 👀 A new era of performance cars has arrived 🤘 pic.twitter.com/Pz3mxexzQU
— Oracle Red Bull Racing (@redbullracing) June 28, 2022
RB17 ќе биде само за патеката, неговите сопственици ќе добијат поддршка за работа директно од Red Bull, а спортскиот модел со две седишта ќе го придвижува V8 бензински мотор кој работи на хибриден систем и неговата моќност ќе биде над 1.100 коњски сили.
Red Bull објасни дека RB17 ќе биде сериски автомобил со најдобро развиен аеродинамичен пакет, кој обезбедува „граунд ефект“, дело на Њуи.
Производната серија ќе биде 50 единици, цената на секој автомобил ќе биде 5 милиони британски фунти.