Редизајн за Tesla Model Y во средината на 2024 година

од Vladimir Zorba
228 прегледи

Со цел да се одржи успешната продажба на Model Y, Tesla планира голем редизајн во средината на 2024 година.

Моделот Y на Tesla се појави на пазарот во пролетта 2020 година и набрзо се покажа како хит. На глобално ниво, тој стана најпродаваниот електричен автомобил во 2022 година, а истото се очекува во 2023 година, пред уште една Tesla, Model 3.

Бидејќи Tesla сè уште очекува одлични работи од овој електричен SUV, според Bloomberg, за средината на 2024 година е планиран обемен редизајн врз основа на Model 3.

Производството на првите модели создадени во рамките на „Проект Џунипер“ е закажано за средината на годината во Гигафабриката на Tesla во Шангај, а се уште не се знае кога ќе започне на други локации.

Според Bloomberg, промените се обемни и вклучуваат визуелни промени на предниот, страничниот и задниот дел на возилото за дополнително подобрување на аеродинамиката и намалување на бучавата.

Новитетите ја вклучуваат и внатрешноста со нов екран на допир и нов волан, овој пат без рачката на менувачот по моделот на Model 3, односно изборот на модот возење на екранот.

Слични содржини