Реџепи за Призма: Kоманданти од Куманово ми ги нудеа нивните „услуги“

од Vladimir Zorba
81 прегледи

Поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, не е единствениот кој отворено зборува дека Македонија е во „длабока криза“ по објавувањето на т.н. „бомби“ од страна на опозицијата кои отвораат сомнеж за корупција кај високи функионери од власта, пишува Призма.

Како што пишува Призма, Реџепи веројатно е единствениот верски поглавар во Македонија кој отворено го вперува прстот во Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, обвинувајќи го за авторирарност и за крадење на иднината на младите кои масовно ја напуштаат Македонија.

images (1)

Реџепи открива дека преку вработени во ИВЗ му било понудено команданти од Куманово да дојдат и да ја расчистат ситуацијата со „пучистите“. Првиот човек на ИВЗ објаснува дека ова е причината зошто неодамна одбил да учествува на годишната конференција „Дијалог меѓу религиите и цивилизациите“.

– Каков легитимитет имам да учествувам на конференција која се организира под капата на политиката и под покровителство на првиот човек на извршната власт кој е незапомнет диктатор во политичката историја. Реков дека местото не ми е таму – вели Реџепи.

Тој се сомнева дека Владата има вмешаност во „пучот“ во ИВЗ што се случи во мај минатата година, кога 40 противници на Реџепи 13 дена го окупираа седиштето на Исламската верска заедница, барајќи негово повлекување. Реџепи сѐ уште верува дека постои поврзаност меѓу „пучот“ во ИВЗ и настаните во кумановското Диво насеље. Открива дека преку вработени во ИВЗ му било понудено команданти од Куманово да дојдат и да ја расчистат ситуацијата со „пучистите“.

– Два пати, три пати категорично одбив, им кажав: не се мешајте, подалеку од тука. Не ја прифатив таквата понуда. Можеби да дојдеа, тука ќе се пукаше. Ова не е моја куќа, ова е седиштето на сите муслимани во државата – вели Реџепи за Призма.