Рефорд: Корупција и неефикасност го спречуваат решавањето на проблемот со нелегалната сеча

од Илинка Илиоска
33 прегледи

Граѓаните немаат доверба во надлежните институции коишто треба да се справаат со нелегалната сеча на шумата, како и во судовите и обвинителствата, кои се надлежни за санционирање на прекршителите на Законот за шуми, покажа истражувањето на Здружението „Рефорд“ во рамките на проектот „Борба против нелегални шумски активности” што го спроведува ЗГ Рефорд, во соработка со US Forest Service, во периодот од 01.03.2024 година до 10.03.2024 година.

Сашо Петровски од Здружението на граѓани „Рефорд“ при денешната презентација на резултатите од истражувањето посочи било испитано јавното мислење за нелегалните шумски активности кај корисниците на производи од дрво и сопствениците на приватни шуми. Теренската анкета беше спроведена како структурирано интервју со 515 испитаници во осум општини од осум плански региони на Република Северна Македонија. Посочи дека алрмантни се бројките за нелегалната сеча на шумите. Неформалните податоци на ФАО говорат дека годишно на нелегално се сечат околу 500.000 метри кубни дрво, или тоа се дрва наредени во должина од 500 километри, а со висина од еден метар, како од Скопје до Ниш.

-Формалните бројки одат некаде до 30.000 кубни метри на годишно ниво штети во шумите. Меѓутоа одредени истражувања коишто беа направени 2017 година по методолгија на ФАО (Организација за храна и земјоделство при Обединети нации) укажуваат дека бројките се можеби десеткратно поголеми. Така да заклучоците различните групи на истражување, какошто се корисниците на производи од дрво, пред се огревно дрво, сопственици на приватна шума, сопственици на дрво, преработувачки капацитети и општини се горе-доле се во иста линија дека не се задоволни од работата на надлежните институции и обвинителите и судовите во однос со справувањето на оваа појава, вели Петровски.

Забележа дека ние сме една од ретките земји којашто има Шумска полиција во регионот.

-Нема во Европа или во нашето опкружување такво нешто и тие бројат некаде околу 380 службеници, плус ја имаме и шумочуварската служба во ЈП „Национални шуми“, којашто брои околу 200 луѓе и шумочуварска служба во Националните паркови. Вака на прв поглед таа бројка треба да укажува дека имаме капацитети за да се справиме. Но, дали нивната работа е ефикасна, дали имаат доволно средства за работа, дали се доволно мотивирани и дали пак имаме корупција во самите институции, во коишто ќе треба непосредно да се справат со овие појави. Во однос на инспектори во Државниот инспекторат за шумарство и водостопанство за жал со години капацитетот се намалува, вели Петровски.

Шумската полиција лани има 200 кривични пријави за дрвокрадство, но какошто вели Петровски ниту една од страна на обвинителството не е покрената за да оди пред судовите.

Даниела Иротова-Лазарева државен секретар во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Посочи дека има неусогласенот на законските решенија за поголема ефиканост на институциите, кои на терен се справуваат со спречување на илегалната сеча на шумите. Таа истакна дека потребни се интервенции во Кривичниот законик, потоа Законот за шуми, каде треба драстично да се зголемат казнените мерки и дрвокрадството да добие степен на кривична одговорност.

Што се однесува за донесување на новиот Закон за шуми, чија изготовка е почната во 2019 година, Иротова-Лазарева вели дека за жал се уште не завршен.

-Го интезивираме и се обврзавме до март да имаме нов Закон за шуми, кој ќе биде функционален каде што ќе бидат вклучени сите аномалии, коишто се досега и ќе биде вклучен и овој дел со дрвокрадството, со тоа што ќе предвидиме законски високи казни за дрвокрадците и ќе се регулира материјата на контрола и на санкциите во поглед на поднесените пријави, вели Иротова-Лазарева.

Таа додаде дека за заштита на шумите од пожари предвидени се законски усогласувања во Законот за Противпожарна заштита и формирање на ТППЕ во општините каде што нема можност.

Слични содржини