Регион во Молдавија бара присоединување кон Русија

од Nikola Popovski
175 прегледи

Министерот за надворешни работи на непризнатата Придњестровската Молдавска Република Виталиј Игнатиев изјави дека властите на оваа република сакаат независност и присоединување кон Русија во согласност со резултатите од референдумот во 2006 година.

Придњестровје, кој е меѓународно признато како дел од Молдавија, се наоѓа долж југозападната граница на Украина.

– Нашата цел остана иста и тоа се гледа во резултатите од референдумот одржан на 17 септември 2006 година, кои јасно укажуваат – независност со приклучување кон Руската Федерација, изјави Игнатиев за РИА „Новости“.

Главниот град на Придњестровје, Тираспол, е на само 100 километри од црноморското пристаниште Одеса.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека видел медиумски извештаи за плановите на Придњестровје да биде дел од Русија, но дека не знае со што се тие поврзани.

– Да бидам искрен, не знам точно за што се работи, ги видов написите во медиумите, но не знам со што е поврзано, не можам ништо да кажам за тоа, им рекол Песков на новинарите, пренесува РИА Новости.

Слични содржини