Заснован на аплицирањето на четирите слободи на кои се темели и Европската Унија, слободно движење на стоки, трговија, луѓе и услуги, една од придобивките на Отворен Балкан е и единствениот и поврзан регионален пазар на трудот, објави порталот Рацин во своја анализа.
Се додава дека едногласната поддршка на оваа иницијатива, како и консензуалното одобрување од страна на деловните заедници во Албанија, Северна Македонија и Србија, на граѓаните на овие земји ќе им овозможи да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи, без бариери, без аплицирања и чекања, без административни трошоци.
-Штом се генерира тој идентификациски број тоа значи дека системите за електронски услуги на Србија и Албанија ќе ги препознаваат граѓаните како индивидуи со право на одредени услуги, во случајов тоа би било слободно да работат во една од овие земји.
Со мерката практично се отстрануваат административните бариери за работен ангажман. Ако сега за работна дозвола се чека по два или три месеци и има и административни такси, со оваа мерка се отстрануваат чекањето и бирократиите и се либерализира пазарот на труд, додека платите, придонесите, сместувањето, работникот си ги обезбедува сам или пак фирмата каде што се вработува, се посочува во текстот.