Регистерска табличка во Дубаи продадена за рекордни 15 милиони долари

од Vladimir Zorba
296 прегледи

Минатата недела во Дубаи се одржа аукција на која е продадена регистерска табличка за рекордна сума.

Станува збор за регистарска табличка со број „7“ за која купувачот платил дури 15 милиони долари. Аукцијата ја организираше Emirates Auctions, специјализирана за продажба на автомобили и регистарски таблички.

Претходниот рекорд за најскапа регистарска табличка беше поставен во 2008 година кога табличка со број „1“ беше продадена за 14,2 милиони долари.

Средствата ќе бидат донирани на 1 Billion Meals Endowment, добротворна организација основана од шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум, владетел на Дубаи, за да обезбеди храна за заедниците ширум светот на кои им е потребна.

И други земји продаваат „специјални“ регистарски таблички. Претходно оваа година, знакот „Р“ беше продаден во Хонг Конг за 3,25 милиони долари. Пред тоа, ознаката со буквата „W“ беше купена за 3,3 милиони долари.

Слични содржини