Регистриран прв случај на флурон: Родилка истовремено боледува од корона и грип

од Nikola Popovski
338 прегледи

Првиот случај на таканаречениот „флурон“, односно истовремена инфекција со коронавирусот и вирусот на грип е забележан во Израел.

Според израелскиот портал „Ynetnews“, двојната инфекција била откриена кај жена која се породила оваа недела во медицинскиот центар во Петах Тиква.

Како што соопштија од болницата, младата мајка која не е вакцинирана против ниту еден вирус се чувствува добро и се очекува наскоро да биде пуштена од болница. Мајката имала релативно благи симптоми, а останува да се утврди дали комбинацијата на двата вируса може да предизвика посериозно заболување.

Здравствените власти сметаат дека такви случаи имало и кај другите пациенти, но тоа не го знаеле бидејќи не им била констатирана болеста.

„Минатата година немавме случаи на грип кај трудници и мајки. Денеска гледаме случаи на коинфекција со коронавирусот и грипот. Имаме се повеќе трудници заболени од грип. Дефинитивно е голем предизвик кога ќе дојде да се породи жена со температура, а не знаеш дали е корона или грип“, вели проф. Арнон Вижницер, специјалист по акушерство и гинекологија и директор на одделот за гинекологија.

Вижницер истакна дека пациентката која се лекува во неговата болница немала особено тешки симптоми.

Слични содржини