Регистрирани 3.308 нови случаи на Ковид-19 во Хрватска, починале 49 лица

од Vladimir Zorba
184 прегледи

Во последните 24 часа се евидентирани 3.308 нови случаи на заразени со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни случаи во Хрватска денес е вкупно 19.985.

Меѓу нив, 2.031 пациент е во болница, од кои 223 се на апарати за дишење.

Починаа 49 лица.

Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, регистрирани се вкупно 10.3718 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 1.353 починале, вкупно 82.380 се опоравени, од кои 2.353 во последните 24 часа.

Во моментов има 43.023 лица во самоизолација. До денес се тестирани вкупно 676.965 лица, од кои 9.216 во последните 24 часа.

Слични содржини