Во 2018 година ЕУ се подготвува да им забрани на децата помали од 16 години да ги користат социјалните мрежи без согласност на родителите, пренесе Regnum.
Европскиот парламент одобри декрет според кој социјалните мрежи “Фејсбук”, “Снапчат”, “Инстаграм” и “Твитер” ќе треба до 2018 година да развијат посебен алгоритам, кој ќе забранува на децата да се создаде профили без родителска потврда.
Авторите на законот велат дека во моментов само во Велика Британија 20% од децата помали од 11 години имаат свои страници на “Фејсбук”. Притоа внатрешните правила на социјалната мрежа забрануваат регистрацијата на лица помали од 13 години.
Самите социјални мрежи засега не коментираат како ќе развијат сличен алгоритам. Скептиците сметаат дека кај сите случаи децата ќе најдат начини да ги заобиколат забраните.
