До министерството за енергетика, од страна на Регулаторната комисија за енергетика беше доставен предлог за проширување на категориите на ранливи потрошувачи.
Имено, станува збор за иницијатива во соработка со електродистрибуција, а по препорака на енергетската заедница со цел да се намали енергетската сиромаштија кај домаќинствата кои не можат да ги подмират сметките за струја.
Овој предлог исто така, опфаќа и принципи врз основа на кои може да се дефинираат критериуми по кои ќе се утврдат домаќинствата кои ќе влезат во категоријата на ранливи потрошувачи, наведуват од комисијата.