Претседателот Марсело Ребело де Соуса е реизбран за втор петгодишен мандат на претседателските избори во Португалија во првиот круг, според официјалните резултати на изборната комисија.
Со преброени 99 проценти од гласовите, 72-годишниот конзервативен политичар и поранешен ТВ-новинар и професор по право доби 61 процент од гласовите во неделата, соопшти изборната комисија.
Пред пет години тој доби околу 52 проценти од гласовите.
Ребело де Соуса го избегна вториот круг од изборите на 14 февруари против второпласираниот кандидат затоа што освои над 50 проценти од гласовите.
Резултатите на противниците на Соуса беа на нивото што се очекуваше. Социјалистичката кандидатка и поранешна претставничка во Европскиот парламент Ана Гомеш доби 12,7 проценти од гласовите, а лидерот на популистичката десничарска партија Chega! (Доста е!) Андре Вентура е трет со 11,9 проценти од гласовите, пренесува dpa.