Реклама на Nike, посветена на мајчинството,се претвори во хит (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
370 прегледи

Ако барате секојдневна инспирација, оваа нова реклама на Nike треба да заврши работа.

Откако пушти вежби за бремени жени и мајки, компанијата за спортска облека претстави и кратка реклама, доловувајќи ја оваа прилично предизвикувачка и трансформативна фаза од животот на жените.

Повеќе од 20 жени ширум светот се претставени на видеото, чија порака е – мајчинството е ултрамаратон во кој победуваат сите.

Зад рекламата стои Wieden + Kenndy агенцијата од Лондон. И бидејќи правењето што било за време на глобална пандемија може да биде десет пати покомплицирано, снимањето на видеото не е исклучок.

Овој краток клип е, всушност, организиран преку „Zoom“ за да остане во чекор со мерките за здравје и безбедност. Сепак, жените кои учествуваат во неа обезбедуваат над 22 часа интимни снимки што ги направиле сами или со помош на пријатели и семејство.

Повеќе од 20 жени од различно потекло учествуваат во рекламата, покажувајќи како ги балансираат бременоста, мајчинството и здравјето, пренесува BoredPanda.

Мајки од САД, Сингапур, Франција, Австралија, Јамајка и други земји ја илустрираат својата моќ за време на еден од можеби најтрансформирачките периоди од нивниот живот – бременоста, породувањето и раното мајчинство.

На рекламата учествуваат и светски познати спортисти како Серена Вилијамс, Алекс Морган, Пери Едвардс, Бјанка Вилијамс, Шели-Ен Фрејзер-Прајс и Ниа Али.

Слични содржини