Рекламирањето на услуги за криптовалути во застој во Сингапур

од Vladimir Zorba
142 прегледи

Финансискиот регулатор на Сингапур им нареди на компаниите во индустријата за криптовалути да се воздржат од рекламирање на нивните услуги во јавноста. Овој потег е дел од желбата на градот-држава да ги спречи шпекулациите за нестабилните дигитални средства.

Давателите на услуги треба да ги пласираат своите активности само преку сопствени веб-страници, мобилни апликации или официјални профили на социјалните медиуми, се вели во соопштението на Монетарната управа на Сингапур. Насоките опфаќаат широк опсег на бизниси, од банки до даватели на платежни услуги и криптовалути.

„MAS (Сингапурската монетарна агенција) забележа дека некои даватели на DPT услуги активно ги промовираат своите услуги преку онлајн и физичко рекламирање или преку обезбедување физички банкомати на јавни места“, рече регулаторот, цитиран од BNN Bloomberg.

Агенцијата се повика на т.н токени за дигитално плаќање, според претпочитаната терминологија за криптовалути. „Ова може да ги поттикне шпекулациите меѓу трговците кои не ги разбираат целосно ризиците“, предупреди МАС.

Како и другите земји, во своите обиди да го регулира бизнисот со криптовалути, Сингапур се обидува да ги балансира придобивките од финансиските иновации со ризиците кои произлегуваат од подемот на овие технологии. Некои билборди што рекламираа размена на дигитални средства во градот-држава веќе се отстранети.

Слични содржини