Рекламите никому не му пречат: Netflix руши рекорди

од Vladimir Zorba
11 прегледи

Изгледа дека на повеќето луѓе не им пречат рекламите или се чувствуваат удобно со опцијата да се претплатат на поевтини услуги за стриминг, но со реклами.

Успехот на рекламниот пакет на Netflix го потврдува тоа, бидејќи брзо беше прифатен од корисниците ширум светот. Компанијата објави дека сега има повеќе од 70 милиони претплатници на овој пакет ширум светот.

За споредба, во мај таа бројка беше 40 милиони, а во јануари 22 милиони – растот е, едноставно кажано, неверојатен, пренесе GSMArena.

Друг интересен факт: во земјите каде што е достапен пакетот за реклами, повеќе од половина од новите корисници на Netflix се одлучуваат за таа опција.

Оваа опција беше воведена во декември 2022 година во 12 земји, вклучувајќи ги САД, Канада, Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Шпанија, Австралија, Бразил, Мексико, Јапонија и Јужна Кореја.

Netflix нуди и спонзорства, а за следната сезона на серијата Squid Game влезе во соработка со бројни огласувачи во 12 земји каде е достапен рекламниот пакет.

Netflix почна да користи сопствена технологија за рекламирање во Канада за да го прекине партнерството со Microsoft во тој сегмент. Технологијата за внатрешно рекламирање на Netflix треба да пристигне на глобално ниво во текот на следната година.

Слични содржини