Рекорд: Alibaba и JD продадоа стоки во вредност од 139 милијарди долари за „Денот на осамените срца“

од Vladimir Zorba
299 прегледи

Кинеските гиганти за е-трговија Alibaba и JD.com поставија нови рекорди во продажба за време на најголемиот шопинг настан во светот, познат како „Ден на осамените срца“.

Забележани се рекордни продажби од над 139 милијарди долари за двете компании, и покрај загриженоста за можностите на кинеските потрошувачи и ефектот на мерките на Пекинг врз технолошките компании.

„Денот на осамените срца“ порано беше само 24-часовен настан, додека денес трае многу подолго и завршува на полноќ на 11 ноември. JD започна со промотивни понуди кон крајот на октомври, додека Alibaba на почетокот на ноември. Овој продолжен период им помогна и на двете компании да ја зголемат продажбата.

Алибаба соопшти дека бруто вредноста на продадените стоки во текот на 11-дневниот период изнесува 540,3 милијарди јуани (84,54 милијарди долари), или повеќе од 8% повеќе од претходната година.

Вредноста на трансакциите на платформите JD изнесуваше 349,1 милијарди јуани (54,6 милијарди долари) за време на промотивниот период, што е за 28% повеќе од продажбата остварена минатата година.

Податоците објавени од двете компании не ги претставуваат нивните директни приходи и не ги вклучуваат вратените артикли. Ова се вредностите на трансакциите што поминале низ нивните платформи.

Сепак, тие се показател за апетитот на потрошувачите да купуваат на платформите на двата гиганти во онлајн трговијата.

И покрај големата продажба, „Денот на осамените срца“ оваа година помина малку попригушено. Кинеските технолошки компании сè уште се под строга регулаторна контрола, а претседателот Си Џинпинг се залага за заеднички просперитет за сите во земјата.

JD и Alibaba ја истакнаа својата социјална и еколошка одговорност за време на настанот во согласност со приоритетите на Пекинг.

Што најмногу купувале потрошувачите?

JD објави дека известува за скок во продажбата на луксузни стоки и производи за домашни миленици.

Производите на Apple уживаа голема популарност. JD објави дека продажбата на iPhone надминала 100 милиони јуани (15,6 милиони долари) по почетокот на конечната продажба на 10 ноември.

Alibaba и JD забележуваат раст на продажбата во помалите кинески градови, кои се клучни за компаниите за е-трговија кои се обидуваат да ја зголемат својата база на клиенти, пишува CNBC.

Потрошувачите на овие пазари учествуваа со 77% од сите набавки за време на промотивната кампања, според JD.

Слични содржини