234
Инфлацијата во еврозоната достигна ново рекордно ниво во април шести месец по ред, со стапка од 7,5 отсто на годишно ниво, покажуваат денешните прелиминарни проценки на Европскиот завод за статистика, Евростат.
Меѓугодишната инфлација во монетарниот блок од 19 земји беше 7,4 отсто во март.
Меѓу земјите-членки на еврозоната, највисоки годишни стапки на инфлација се забележани во Естонија (19%) и Литванија (16,6%), а најниски во Малта (4,9%) и Франција (5,4%).