Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус продаден во Дубаи за речиси 130 милиони евра

Квадратен метар од овој имот чини околу 29.000 евра, а пентхаусот е продаден за 127 милиони евра.

од Vladimir Zorba
17 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

Компанијата за развој на недвижности од Обединетите Арапски Емирати „Бингати“ објави дека продала стан во Дубаи по рекордно висока цена по квадратен метар.

Станува збор за пентхаус од 4.385 квадратни метри сместен во станбен комплекс што го носи името на брендот Бугати.

Квадратен метар од овој имот чини околу 29.000 евра, а пентхаусот е продаден за 127 милиони евра.