267
Еквадорската полиција во петокот заплени 9,6 тони кокаин од Колумбија, изјави министерката за внатрешни работи Александра Вела, додавајќи дека тоа е најголемата количина запленета во земјата досега.
„Денес запленивме историско количество кокаин“, рече Вела на прес -конференција.
Полицијата објави дека кокаинот, кој дошол во земјата од Колумбија и најверојатно бил прошверцуван во Мексико и САД, бил откриен во стан во Гвајакил, на југозапад од земјата.
Неговата пазарна вредност се проценува на околу 450 милиони долари.
Двајца државјани на Еквадор беа уапсени, а десетина парчиња огнено оружје запленети, додаде полицијата.