„Годзила против Конг“ постави рекорд во време на пандемија, откако за време на викендот, филмот на „Ворнер Брос“ и „Legendary Entertainment“ заработи 32 милиони долари, а 48,5 милиони долари во првите пет дена прикажување во киносалите во САД.
Се чини дека „Годзила против Конг “покажува дека луѓето се подготвени да се вратат во киносалите по една година гледање на Нетфликс на каучите. Филмот е достапен и на претплатниците на HBO без дополнително наплата. Не е познато колку луѓе го гледале филмот од дома.
Дејвид А.Грос, кој раководи со филмската консултантска фирма „Franchise Entertainment Research“, ја опиша продажбата на билети за викенд како „силна“, со оглед на „сè уште тешките услови“.
Повеќе од 50 проценти од кината во земјата се отворени, но многумина, вклучително и оние во Њујорк и Лос Анџелес, работат со намален капацитет за да можат да се придржуваат до безбедносните протоколи.
„Иако тоа е само половина од она што би било во нормални околности, викендот е јасен и позитивен показател дека одењето во кино има својствени јаки страни што не исчезнуваат“, рече Грос.