Рекордни 18 милиони Американци се декларираат како ЛГБТ

од Vladimir Zorba
225 прегледи

Рекордни 5,6 проценти од Американците, или 18 милиони луѓе, се идентификуваат како лезбејка, геј, бисексуалец или транссексуалец, покажа анкетата на „Галуп“ во средата.

Ова значително зголемување се припишува на поголемата прифатеност на ЛГБТ + заедницата во општеството. Ова е зголемување за 24 проценти во споредба со 2017 година, кога 4,5 проценти од возрасните се изјаснија дека се дел од ЛГБТ + заедницата.

Членовите на генерацијата Z, на возраст од 18 до 23 години, придонесоа најмногу за зголемувањето на тој број. 15,9 проценти од нив се изјаснуваат како ЛГБТ +. Мнозинството ЛГБТ + Американци, 54,6 проценти, се идентификуваат како бисексуалци, 24,6 проценти хомосексуалци, 11,7 проценти лезбејки и 11,3 проценти трансродови.

Поддршката за истополови бракови, легализирана во 2015 година, се искачи на 62 проценти, во споредба со 2007 година кога истополовите бракови беа поддржани од 36 проценти од Американците.

Анкетата е спроведена на 15.000 Американци во текот на 2020 година. Во истражувањето, 86,7 проценти од возрасните се изјасниле дека се хетеросексуалци, додека 7,6 проценти одбиле да одговорат на прашањето.

Жените се идентификуваат повеќе како ЛГБТ + од мажите, 6,4 проценти во споредба со 4,9 проценти.

Меѓу политичките либерали, 13 проценти од нив се изјасниле како ЛГБТ +, додека кај конзервативците таа бројка е 2,3 проценти.

Слични содржини