Рекордни 60 милиони туристи го посетиле Њујорк во 2015

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Повеќе од 60 милиони туристи го посетиле најголемиот град во САД – Њујорк минатата година, објавија властите во мегаполисот, и го определија за рекорд во историјата на пресметките.4610320

Како што забележуваат од администрацијата на Њујорк, бројот на посетителите годишно се зголемува со неколку милиони луѓе во секоја од последните шест последователни години. Во изминатата година секој петти турист или околу 12 милиони луѓе биле странци.

Во последните 12 месеци најчестите гости на Њујорк биле жители на Велика Британија, Бразил, Канада и Кина. Бројот на туристите не е променет дури ни по сериозната загриженост за безбедноста и можноста за терористички напади во градот на позадината на нападите, извршени во Париз и Сан Бернардино, Калифорнија.

Според властите, во 2015 година мерките за безбедност се зајакнати. На пример, годишните прослави на традиционалната парада по повод Денот на благодарноста и новогодишната ноќ на “Тајмс сквер” биле обезбедувани од илјадници полицајци и специјалци за борба против тероризмот.

“И покрај и побезбедните и интересни градови во САД, Њујорк продолжува да биде центар на атракција за туристи од сите краеви на светот”, изјави градоначалникот на градот Бил де Блазио.