Рекордни приходи и добивки за сопственикот на Зара

од Симе Стоиков
359 прегледи

Шпанската модна компанија „Индитех“, сопственик на Зара, во средата објави дека ја затворила деловната 2023 година со двоцифрен раст на приходите и профитот, со поголем обем на продажба во физичките продавници и скок на приходите во онлајн продажбата.

Во деловната година која заврши во јануари 2024 година, приходите на „Индитех“ пораснаа за 10 отсто, достигнувајќи рекордни 36 милијарди евра. Кога ќе се исклучат промените на девизните курсеви, тој се зголеми за 14 проценти.

Обемот на продажба во физичките продавници е зголемен за 7,9 отсто. Приходите од онлајн продажбата се зголемени за 16 отсто, на 9,1 милијарди евра.

Годишната нето добивка изнесува 5,4 милијарди евра и е за 30 отсто поголема во однос на претходната деловна година.

Сопственикот на модните брендови меѓу кои Зара, ПуландБер, Масимо Дути, Бершка, Страдиварису, исто така, ги објави оперативните резултати за периодот од 1 февруари до 11 март, кои покажаа скок во продажбата од 11 проценти кога ќе се исклучени промените на девизните курсеви.

Во првата половина од пролетната сезона, продажбата беше поттикната од луксузните брендови и продолжувањето на силниот моментум од деловната 2023 година, кога растот на продажбата го надмина најголемиот конкурент H&M.

Темпото на раст на приходите во првата половина од овогодинешната пролетна сезона беше нешто побавно, бидејќи цените исто така поумерено пораснаа. Во истиот период во 2023 година, продажбата на „Индитех“, се зголемила за 13,5 отсто.

„Индитех“, објави дека планира да инвестира 900 милиони евра годишно во логистика до 2025 година. Годинава тие ќе потрошат вкупно 1,8 милијарди евра за проширување на магацинскиот простор за пет отсто и за технологија и подобрување на онлајн платформите.

Шпанската модна компанија имаше 5.692 продавници ширум светот во 2023 година, 123 помалку во однос на една година порано.

Слични содржини