Граѓаните на Германија во изминатата година дополнително ги зголемија заштедите, па нивното богатство се зголеми на рекордни 7,7 милијарди евра, соопшти денеска ДЗ банка.
Економистот на банката, Михаел Штапел изјави дека стапката на штедење во изминатата година, иако паднала во однос на 2020 година, сепак била високи 15 отсто, што значи дека германските граѓани заштедиле 15 на секои 100 евра плата, пренесува хрватски „Индекс“.
Во рекордната сума од 7,7 билиони евра се вклучени класични парични заштеди, хартии од вредност и побарувања од осигурување.
Рекордниот бран на заштеди започна во 2020 година со првите знаци на пандемија, а во таа година стапката на заштеда беше 16,1 отсто. Минатата година тој тренд беше малку намален во текот на летните месеци, кога се чинеше дека пандемијата е при крај.
-Потрошувачките чувства, сепак, стивнаа наесен, кога беше неизбежен нов бран на пандемијата и нови затворања, вели Штапел.