Рекордно мал број раѓања во Италија

од Симе Стоиков
215 прегледи

Бројт на родени во Италија е на рекордно ниско ниво во 2023 година, а паѓа веќе 15 години по ред, објави денеска државниот завод за статистика ИСТАТ, додека бројот на жители продолжува да се намалува.

Постојаниот пад на наталитетот во Италија се смета за национална вонредна состојба, а и покрај тоа што последователните влади ветија дека ќе го направат приоритет, ниту една досега не можеше да го запре падот.

Минатата година, Италија забележа 379.000 раѓања, што е пад од 3,6 отсто во споредба со 2022 година и пад од 34,2 отсто во однос на 2008 година. Тоа беше најниската бројка од обединувањето на земјата во 1861 година.

Стапката на плодност падна на 1,20 деца по жена од 1,24 во 2022 година – далеку под стапката од 2,1 потребна за стабилна популација.

Спротивно на тоа, минатата година беа регистрирани околу 661.000 смртни случаи, што е пад од претходните три години кога Ковид ја зголеми стапката на смртност во Италија.

ИСТАТ објави дека очекуваниот животен век исто така скокнал минатата година на 83,1 година, шест месеци повеќе од 2022 година.

Во 2023 година странците сочинувале 8,99 отсто од населението во земјата или вкупно 5,3 милиони, што е за 3,2 отсто повеќе од претходната година, а најголем дел од нив живеат на северот на земјата.

Целокупното население на Италија е во постојан пад од 2014 година, со кумулативна загуба оттогаш се повеќе од 1,36 милиони луѓе, еднакво на населението на Милано, вториот по големина град во земјата.

ИСТАТ во септември минатата година соопшти дека Италија може да изгуби речиси 10 отсто од своето население во следните 25 години

Слични содржини